Домаќинот на СП снимил навивачка песна за Македонија на - турски јазик! (ВИДЕО)

Локалните организатори во Минхен на СП во ракомет, очигледно, „ги помешале лончињата“ кога е во прашање Македонија и македонскиот јазик. Пред натпреварот со Јапонија, во првото коло помисливме дека е грешка, но се случи и денеска пред Бахреин. 

Официјалниот спикер во „Олимпијахале“ најавува „а сега да ја слушнеме официјалната навивачка песна на Македонците“ и пушта песна на турски јазик. Не знаеме дали станува збор за некаква грешка или, пак, оваа песна навистина ја одбрале за навивачка песна на Македонија.