Димитриоски: Не ни е сеедно кога губиме, ама ќе се бориме до крај!

Македонската ракометна репрезентација беше декласирана од Русија со 20-32 во претходниот меч во главната фаза од Свеското првенство во Египет, а како последен ривал ќе ја има селекцијата на Белорусија.

Димитар Димитриоски вели дека не им е сеедно кога губат со голема разлика, но нема да се откажат до крај.

„Се договоривме кој што да игра, но имавме многу лоши минути против Русија. На полувреме направивме друг план и изгледавме подобро, но тоа не беше доволно. Не ни е сеедно кога губиме, но ќе се бориме до крајот. Белорусија има квалитетни ракометари, но мора да покажеме поинаква слика на теренот“, вели Димитриоски.