Дебакл на пионерките од Хрватска - примивме и гол од пола терен! (ВИДЕО)
Нашите ракометарки беа поразени од Хрватска со убедливи 27-8. Турнирот во Приштина се игра во три периоди по 15 минути, а денеска во сите доминираа хрватските ракометарки.
Во првиот период постигнавме само еден гол и загубивме со 6-1, во вториот беше 11-3, а во третиот 10-4. Со звукот на сирената ракометарка на Хрватска успеа да ја совлада нашата голманка и од половина терен.