Прилеп му покажа мускули на шампионот, бодовите сепак останаа во Битола!
Прилепчани храбро се бореа против големиот фаворит кој очекуваше полесна победа, но до триумфот дојдоа со многу мака.
Иако Пелистер водеше со четири разлика на полувремето, беше 16-12 по првите 30 минути, Прилеп не се предаде, одигра многу солидно второто полувреме.
Во текот на вториот дел и комплетно ја анулираа предноста израмнувајќи на 20-20. Откако видоа дека стана густо, битолчани го кренаа нивото и пак со многу мака успеаа полека да го зголемуваат водството. На крајот во мирна завршница победија со 32-27.
Филип Кузмановски со девет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, кај Прилеп осум даде Димитар Димитриоски.