По дебаклот, добри вести за Барса: Рафиња почна да тренира
Мечот го пропушти бразилскиот репрезентативец Рафиња кој оваа сезона често е повреден, а неговото отсуство се чувствува во тимот. Со него во екипата, Барселона има 91% успешност, а без него само 63%.
Ден по дебаклот, Ханси Флик доби добри вести бидејќи Рафиња се врати во тренажен процес и ќе конкурира за настап на дуелот против Жирона. Тој меч има можеби и поголемо значење бидејќи Барса е во тесна борба со Реал за шампионската титула и не ѝ е дозволен кикс во оваа фаза од првенството.