Брестовац: Задоволен сум од ракометарите, но ни претстои уште многу работа

Македонските кадети денеска одиграа многу добар меч против Португалија во осминафиналето на Светското првенство, но на крајот загубија со 25-29.

Селекторот Данило Брестовац кажа дека ракометарите го дале максимумот од себеси, но не успеале да стигнат до победа.

„Имавме гол предност, но не успеавме да славиме на крајот. Веднаш може да забележите дека е полесно за нас кога играме против европски противник. Сепак, ни недостига физичка и техничка подготовка. Имаме уште работа за да произведеме ракометари за А-репрезентацијата. Задоволен сум од играчите, сепак за разлика од нас португалските ракометари често играат во нивните клубови. Ќе мора кај нас да ги промовираме младите ракометари  за да играат и тие редовно во своите клубови“, кажа Брестовац.

Македонија утре го игра последниот меч на Мундијалот.