
Велешанец ќе го брани голот на ПАОК и на 44 години
Гигов се пресели во екипата на ПАОК пред три години, па имаше одлични настапи во грчкиот шампионат и му помогна минатата сезона да завршат на третата позиција.
Искусниот голман претходно бранеше во неколку македонски екипи, меѓу кои се Младост Богданци, Југ Куманово, Борец, додека во странство заигра за Цриквеница, Короса, ИБВ од Исланд, Аполон Каламарија, Мерсин, Кајсери и Селка.