Вардаровиот „најголем лузер“ кариерата ќе ја продолжи во ППД Загреб!

Црногорскиот репрезентативец, Вуко Борозан, кој важи за најголем „лузер“ во европскиот ракомет, кариерата ќе ја продолжи во хрватскиот гигант ППД Загреб.

Тој во хрватската престолнина доаѓа од екипата на Ал Араби од Катар, а претходно има играно за Либек, Веспрем, Металург и Вардар, со кој стана европски шампион во 2017 година. Епитетот „најголем лузер“ го доби две години подоцна, кога реши предвреме да си замине од Скопје поради финансиската криза и ја пропушти можноста по вторпат да се искачи на кровот на Европа.

За Борозан ова е враќање во Хрватска по осум години, со оглед што во 2014 година настапуваше за екипата на Карловац.