
Србите го избркаа селекторот, Битола одамна чекаше вакво сценарио!
По ремито со Исланд во првото коло, Србија имаше реални шанси како вторпласирана да влезе во втората фаза на Европското првенство, но во последното коло загуби од Црна Гора.
Поразот беше разочарување за ракометната јавност во Србија, а исходот е отказ за селекторот Тони Џерона.
Ваквиот развој на настаните во српската репрезентација со посебно внимание се следи во Битола. Тони Џерона е дамнешна желба на Пелистер и на неговите навивачи, а сега како слободен тренер станува достапен за македонскиот шампион.