
Партизан се збогува со Бојан Маџовски
Тој и Марко Васиќ спогодбено ги раскинаа договорите и денеска „црно-белите“ се збогуваа со секој од нив, како и со оние на кои им истекоа обврските кон клубот. Од Партизан, Маџовски си заминува со трофејот од српското првенство каде белграѓани оваа сезона ја прекинаа 12-годишната доминација на Војводина.
Бојан Маџовски игра на позицијата лево крило и е некогашен играч на Металург и Пелистер, како и учесник на европските првенства во 2020 и 2022 година. Пред Партизан тој играше во црногорскиот прволигаш Ловќен, но не носи добри спомени оттаму.