Официјално: Тренерот на Пелистер седна на клупата на женски прволигаш од Хрватска!

Хрватскиот тренер Жељко Бабиќ, кој изминативе две ипол сезони седеше на клупата на Пелистер, отвори нова страница од кариерата, откако потпиша едногодишен договор со женскиот хрватски прволигаш Подравка.

Тој ќе се обиде со новиот клуб да ја врати титулата која сезонава ја освои Локомотива Загреб.

„Среќен сум што станав тренер на Подравка. Пред нас е нова сезона и нови предизвици, во кои ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од сите. Верувам дека ќе може да направиме многу добри работи“, изјави Бабиќ.

Хрватот беше тренер на Загреб, Кршко, Горење Велење, Мешков Брест и на Пелистер, а сега првпат во кариерата ќе води женска екипа.