Нант им се врати на победите: Лазаров постигна три гола

По двата врзани порази во француското ракометно првенство, Нант денеска кончено успеа да победи и тоа против Трембле со 32-25. 

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна три гола од седум обиди во победничкиот тим, каде најдобри беа Давид Балагер и Валеро Ривера со по седум погодоци, додека голманот Емил Нилсен имаше неверојатни 24 одбрани. 

Нант е на 5.место на табелата во првенството со 15 бодови од 11 натпревари. Лидер е ПСЖ со 26 бода и максимален ефект од 13 одиграни натпревари.