Манасков трипати ја тресеше мрежата на Загреб во победата на Веспрем

Веспрем победи во последното коло од СЕХА-лигата против ППД Загреб со 26-23, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна три погодоци.

Унгарската екипа имаше достоен противник во првите 30 минути, кој одлично се бореше и не им дозволи на противниците да заминат со предност на полувреме (13-13).

Сепак, во вториот дел од мечот Веспрем зигра за нијанса подобро, па успеа да слави со три гола разлика (26-23).

Веспрем групната фаза ја заврши со осум победи и два порази, па ќе игра во четвртфинале, каде што досега место обезбедија Вардар и Мотор Запорожје.