И Монпелје падна пред Вардар, ама Нексе - ни за жива глава!

Вардар покажа дека има потенцијал за големи дела со Давид Дејвис на клупата, совладувајќи го Монпелје во Лигата на шампионите, но само два дена подоцна се соочи со својот криптонит, екипата на Нексе и повторно загуби (28-25), како и во Скопје на 4 февруари.

Уште во првото полувреме во Нашице се виде дека Вардар игра под своите можности, а на Нексе не му требаше многу за да го материјализира тоа и по 15 минути имаше водство од 10-4. Оваа висока предност не беше само краткотраен блицкриг, туку траеше, речиси, до крајот на полувремето. Нексе имаше и 15-9 во 25. минута, но до крајот на првиот дел не постигна повеќе голови.

Вардар почна да се буди, Нексе направи неколку грашки, за среќа и двапати погоди во рамката од голот и на одморот резултатот застана на 15-12. Во вториот полчас, Вардар заигра подобро, ги намали своите грешки, стигна помош од Мартин Томовски, сепак предноста на Нексе тешко се топеше. Хрватите ги реализираа своите шанси, па дури во 47. минута Вардар се доближи на 20-19.

Имаше неколку можности за да изендачи, меѓутоа домашните ракометари одлично ја спроведуваа идејата на тренерот Бранко Тамше за брз центар и само така ја одржуваа дистанцата од Вардар. Халил Јагањац со седум и Предраг Вејин со шест гола беа најефикасни, а кај Вардар Куни Моралес постигна седум, Оливие Њокас четири. Томовски заврши со осум одбрани, од кои шест во второто полувреме.

Ова е втора победа на Нексе против Вардар во рок од две недели, првата беше на 4 јануари во Скопје со 25-24, на отворањето на сезоната, па сега Вардар има три бода од три меча, на второто место во групата А, зад Нексе кој е прв со максимални шест.