Дејан Милосављев е МВП за месец септември во СЕХА
Негова конкуренција беа Јануш Лапајне од Татран Прешов и двајцата ракометари на Нексе, Томи Возаб и Морено Цар. Милосављев бранеше феноменално во првите четири кола од сезоната и задржа двоцифрен ефект на одбрани на сите натпревари.
На премиерата во македонското дерби со Металург забележа 12 одбрани, со Железничар имаше една помалку, а најмногу одбрани имаше на гостувањето кај Татран Прешов, вкупно 14. На последниот натпревар во месец септември со Стеауа имаше 12 интервенции.
Сето ова беше доволно да биде прогласен за МВП за месец септември во СЕХА-лигата.