Бабиќ: Денеска Пелистер ништо не загуби!

Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 24-22 во реваншот од четвртфиналето во СЕХА-лигата, но тие два позитива не беа доволни за премин во следната фаза. Тренерот Жељко Бабиќ, сепак, со крената глава зборуваше по натпреварот.

Според Бабиќ, понатаму продолжил посреќниот тим. Е. Пелистер не ги искористи своите шанси кога требаше на овој меч, но и на првиот во Нашице, зашто на минута и пол до крајот имаше минус еден, а сепак успеа да загуби со 20-23, што се покажа клучно сега на реваншот.

“Честитки за Нексе, горд сум на своите момци и на клубот. Одигравме одличен натпревар со нашите навивачи кои не бодреа во текот на целиот натпревар. Денеска ништо не исгубивме, туку видовме што треба да поправиме во играта и како да се подготовиме за плеј-офот во македонската лига. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите навивачите за страста и љубовта кон овој клуб. Сметам дека во следна фаза оди посреќниот тим”, изјави Бабиќ.

Особено жалат што нема да се сретнат со Вардар во четвртфиналето и да му ја покажат извонредната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

“Атмосферата беше неверојатна, горд сум на начинот што го претставивме нашиот клуб. Битола е ракометен град, но се надевам дека навивачите не одат разочарани дома, иако не се пласиравме во следната фаза”, рече Мирко Радовиќ, Црногорецот, кој постигна три гола.

Нексе и Вардар ќе се сретнат на 7 или 8 март во Нашице и на 14 или 15 март во Скопје.