ЖРК Ѓорче Петров против шведски тим во Европската лига

Македонскиот шампион, Ѓорче Петров го доби противникот во квалификациите за Европската лига.

Ждрепката сакаше противник на ѓорчепетровски да биде шведскиот тим Х65 Хурс.

Ако Ѓорче Петров го помине овој тим, ќе има уште една пречка до групната фаза од Европската лига. Тоа би бил тимот на Париз 92 од Франција.

Првиот натпревар Ѓорче Петров против Хурс го игра на гостински терен на 5/6 октомври, реваншот се игра седум дена подоцна во Скопје.