Загреб го изненади Магдебург за втор триумф во ЛШ, Алборг му се реваншираше на Клоштад
Алборг и Клоштад одиграа еден неизвесен натпревар во кој ниту една екипа во текот на целот натпревар не направи разлика поголема од два гола. Се менуваа во водстовото и домаќините и гостите на неколку пати.
Завршницата сепак им припадна на ракометарите на Алборг кои освој триумф стигнаа до девет бода на третата позиција, исто толку има и Нант, но францускиот тим е со натпревар помалку. Предводник на Алборг беше Бустел Јул кој постигна седум гола, додека Сагосен и Елберг на спротивната страна постигнаа по шест.
Загреб на свој терен одигра еден од поретките добри натпревари во елитата сезонава и констатно беше во водство против германскиот претставник кој одигра под своето ниво.
За Загреб ова беше само втора победа во елитното друштво, но и по овој триујмф Хрватите остануваат последни со четири бода, Магдебург со бод повеќе е една позиција понапред. Лука Кларица со седум гола беше прво во редовите на Загреб, но мора да се истакне фантастичниот настап на голманот Мандиќ кој собра 20 одбрани.