Мукаетов и Ристовски им посакаа успех на ракометарките пред ЕП (ФОТО)
Најважно е да го дадете својот максимум и да дадете сѐ од себе на ова Европско првенство. Ќе почувствувате можеби и позитивен притисок бидејќи цела Македонија ќе ве гледа, ќе навива за вас.
Многу е важно да отидете подготвени да жртвувате дел од себе и од своите емоции, покрај спортскиот квалитет, да дадете нешто за својата држава. Можам да пренесам од лично искуство дека претставува голема чест и задоволство да се настапува за Македонија и е голема привилегија да се носи националниот дрес. Без разлика на резултатот вие секогаш ќе бидете најдобрите од Македонија. Гордо да ја претставите државата, да бидете горди претставници на македонскиот ракомет. За сѐ што ви треба ние сме тука како министерство и како држава да ви помогнеме и сите недостатоци доколку ги има, да се обидеме заедно да ги надминеме и да ги исправиме. Без разлика дали сме таму со вас или овде, сите ќе ве следиме и ќе навиваме. Останете здрави, останете успешни и позитивни. Со среќа на ЕП! – им рече министерот Борко Ристовски на македонските репрезентативки.
Македонската репрезентација утре заминува за Пореч, Хрватска каде ќе учествува на турнирот „Кроација куп“ што ќе биде последна проверка пред настапот на ЕП 2024 што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
На ЕП 2024 Македонија е во група со Унгарија и Шведска и со Турција, а натпреварите од прелиминарната фаза ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија