Вујо мајсторе: Со цело срце ќе навивам за мојот Вардар!

Поранешниот вардаров тренер и еден од милениците на скопската публика, Веселин Вујовиќ најави дека со целото свое црве ќе навива за македонскиот првак Вардар на денешното финале против Веспрем во Келн на фајнлфорот во ракометната Лига на шампионите.

Легендата на светскиот ракомет посочи дека очекува тврдо финале со не многу голови и со големо тактичко надмудрување, во кое ќе решаваат нијанси.

"Финалето ќе биде тврдо, не очекувам многу голови. Тренерите на двата тима одлично се познаваат, а се големи стручњаци поради што очекувам големо тактичко надмудрување. Судиите мора да бидат на најдобро ниво за да нема нервоза. Ќе решат нијанси, а победникот нема да биде одлучено се до самот крај. Нормално, со целото срце ќе навивам за мојот Вардар", изјави Вујовиќ за ТВ Арена.

СпоредВујовиќ многу важно денеска ќе биде како ќе се однесуваат голманите, како и тоа дали ќе игра Игор Карачиќ.

„Важно е како ќе се однесуваат голманите, а тука Вардар би бил во предност зашто го има феноменалниот Милосављев. Ако бројот на одбрани е израмнет тогаш Вардар ќе биде во предност. Важно е и дали ќе игра Карачиќ. Неговиот карактер е многу важен за карактерот на Вардар, според мене тој е водач на екипата. Дечкото знае сѐ за ракометот - и да одигра, да постигне гол кога ќе треба и секако да испровоцира кога треба“, додава Вујовиќ