
Влезе Митревски, Порто победи со страшен пресврт после минус девет
Сѐ наликуваше на дебакл на Порто откако Целје му одржа вистинска лекција, додека Митревски беше на клупата за резерви, а откако влезе во игра, се случи невиден кам-бек. Македонскиот голман запиша четири интервенции, но два клучни зицери во периодот додека се враќаше од негативата.
Митревски одигра 15 минути собра четири асистенции и беше еден од клучните играчи за победата. Целје на полувреме замина со плус седум (16-9), а во вториот дел ја достигна најголемата предност од 21-12, а потоа Порто одговори со серија 10-1 од 25-17 за водство од 27-26, за на крај да победи.