Венсан Жерар си призна: Не заслуживме ништо повеќе освен пораз од Вардар!

Францускиот репрезентативен голман и прв избор за голот на Патрис Канаје во европскиот првак Монпелје, Венсан Жерар призна денеска за „Беин Спорт“, дека тој и неовите соиграчи не заслужиле ништо повеќе од пораз од македонскиот првак Вардар во пресметката која црвено-црните ја добија со 27-24 во Франција.

Вардарци од првата минута покажаа дека нема така лесно да се предадат сезонава, иако комплетна реконструкција го зафати тимот, во кој новиот лик побуди сомнежи за амбициите, но ракометарите во црвено-црно потврдија дека имаат повторно одлична екипа од која може да се очекуваат големи успеси во иднина.

„Ние заборавивме дека играме Лига на шампиони, но тие не добија. Отворено беше второто полувреме, ама тие исчекорија како што сакаа за разлика од нас. Еден час тие успеваа да не 'повредуваат', а ние не успеавме да се извлечеме. Тоа што е најлошо, во 45 минута го преземавме водството и требаше да исчекориме кон успех, ама промашивме многу удари и на крај заслужено загубивме. Ова е заслужена победа на Вардар, а ние имаме голем предизвик, зошто зо ваков пристап тешко дека можеме да успееме“, рече еден од најсискусните во тимот, Жерар.