Ракометарите на Вардар уште вчера пристигнаа во Келн, но од денеска веќе почнуваат да стигнуваат и навивачите. 

Европската ракометна федерација можеби забрани групирано присуство на Комити, но никој не може да ги спречи да дојдат во „Ланксес арена“ во помали групи и да го бодрат Вардар на патот до одбрана на титулата. Веќе почнаа да пристигнуваат оние поблиските, од Германија, но и некои со аранжмани од Македонија се таму.

Се очекува најмалку 1.000 навивачи со црвено-црни реквизити да го запоседнат Келн и да ја добијат битката со не толку гласните Французи, поделени во три фракции.

Полуфиналето меѓу Вардар и Монпелје се игра в сабота, во 18 часот.