
Вардар тренираше во Тулуз пред вечерашното тешко гостување (ВИДЕО)
Французите кикснаа во првиот меч против Кристијанштад пред своите навивачи, но сепак се фаворити во дуелот против Вардар. „Црвено-црните“ синоќа тренираа во Палатата на спортовите „Андре Бруа“ која има капацитет од околу 4.400 места.
Македонскиот тим ќе се обиде да ја продолжи победничката серија бидејќи во моментов се наоѓа во низа од осум победи, а единствениот пораз на официјален натпревар досега го претрпе од Пелистер во Суперкупот.