Вардар со Стоилов ќе брка чудо кај Порто – само бод(ови) го остава(ат) во игра!

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска на гости против Порто (20.45 часо) ќе се обиде да дојде до втората победа или барем до реми, кои им се неопходни во обидот да дојдат до втората фаза од Лига Европа.

Ова воопшто нема да биде лесна задача за црвено-црните, дури може да се квалификува и како чудо, со оглед што Португалците го совладаа македонскиот тим минатата недела среде Скопје (26-22). По три кола од групната фаза во ЛЕ, Порто има три бода (победа, реми и пораз), додека Вардар има два (победа и два порази), кои ги освои на дуелот со Валур. Вардарци на оваа средба ќе бидат предводени од Стојанче Стоилов, кој ќе ја врши улогата на в.д. прв тренер по заминувањето на Владо Недановски, а пред назначувањето на неговиот наследник.

Пласман во следниот круг ќе обезбедат првите два тима, а германски Мелсинбург со три победи веќе го има обезбедено едното од овие две места.