Вардар се подготвува за Веспрем: Борозан и Мораеш се вратија во тимот!

Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Веспрем во рамки на 12. коло од Лигата на шампиони, а „црвено-црните“ добија добри вести зашто во екипата се враќаат Рожерио Мораеш и Вуко Борозан.

Мораеш и Борозан паузираа два месеци поради повреда, а сега се вратија на тренинг со остатокот од екипата, па сите се надеваат дека ќе бидат подготвени за тешката пресметка против Веспрем.

Вардар го пречекува Веспрем во сабота од 17.30 часот.