УЕФА го прифати предлогот на селекторите и направи голема измена пред ЕП 2024!

Предводниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА) прифатија да им излезат во пресрет на селекторите и да им дозволи да однесат по 26 фудбалери на претстојното Европското првенство (ЕП) во Германија.

Претходната пракса беше во конечните списоци да има 23 фудбалери, а на претходниот шампионат, кој беше во екот на корона вирусот, таа бројка се искачи на 26 играчи, со тоа што тројца мораа да бидат надвор од протоколот за игрите. Овојпат ќе биде поинаку, бидејќи сите, освен стартните 11, ќе бидат на резервната клупа и ќе ја чекаат шансата да влезат во игра како што беше претходно случај на Светското првенство во Катар.

Репрезентациите што ќе настапат на ЕП 2024 имаат рок до 7 јуни, седум дена пред првиот меч, да го објават конечниот список на патници за Германија.