Вардар пушта во продажба дополнителни билети за дуелот со Пик Сегед

Поради огромниот интерес за првиот четвртфинален натпревар со Пик Сегед, управата на Вардар реши да пушти во продажба дополнителни 500 билети.

Овие билети се за секторот за стоење во салата „Јане Сандански“ и ќе се продаваат по цена од 200 денари. Едно е сигурно, „Јане Сандански“ ќе биде целосно распродаден и унгарскиот тим го очекува вистински пекол.

Натпреварот е закажан за четврток, 25 април со почеток во 20 часот.