Вардар призна дека пак има Ковид, вторпат му откажа на ПСЖ

Македонскиот ракометен првак Вардар потврди дека има неколкумина позитивни на коронавирус, откако полски Кјелце објави за четворица играчи, по што црвено-црните објавија дека предвиденото гостување кај Пари Сен Жермен е откажано, ама останува неизвесно дали ќе одат за Порто, меч кој беше планиран за три дена подоцна.

Во многу нејасното соопштение на црвено-црните денеска, посочија дека еден ракометар се пожалил на покачена температура после мечот со Кјелце и по тестирањето излегол позитивен на ковид-19, а потоа откако биле тестирани останатите членови, било утврдено дека уште неколкумина го имаат вирусот, по што сите заминуваат во изолација.

Поради тоа, мечот со ПСЖ е откажан, вторпат, откако првиот пат пред тргнување поради истата причина тимот не замина за Париз, но од Вардар не посочија дали ќе се игра мечот со Порто, иско во ваква ситуација на една недела до мечот кога сите се во карантин, тешко дека ќе се одигра.

Целото соопштение на Вардар ви го пренесуваме во целост.

„Планираното гостувања во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема да се реализираат. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан.

По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.

Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти.

Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле. Вардар1961 и Кјелце одиграа два натпревари меѓусебе во изминатиот период. Прво на 19 ноември во Скопје, а потоа на 25 ноември во Полска.

Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ на гости“ се вели во соопштението.

Откажано гостувањето во Париз Планираното гостувања во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема...

Posted by RK Vardar 1961 on Friday, November 27, 2020