Вардар ги објави цените на поединечните билети за првиот домашен меч во ЛШ!

Европскиот шампион Вардар денеска ги пушти во продажба поединечните билети за првиот домашен меч во Лигата на шампиони (ЛШ), кој се игра против Порто.

Вардар на 22 септември го игра вториот меч од групната фаза во ЛШ од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, па цените за билети на трибина се 350 денари, додека за блок А цената изнесува 400 денари.

Билетите за мечот може да се набават преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.