Како бајка, како приказна која подава рака од фикцијата кон стварноста - Вардар стана шампион на Европа! 

Вторпат!

Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.

ВЛАДКО АРСОВ

Титулата чиста како солза почна да се ваја уште од првото полувреме, затоа што овој пат вардарци немаа намера да бркаат негатива. Почнаа сигурни во себе, со, речиси, перфектна реализација и од минута во минута ја пробиваа разликата погоре и погоре.Во 15. минута беше 8-5, три минти подоцна првпат четири разлика, за во 26. минута да дојде и до неверојатни 16-10 за Вардар. До крајот на полувремето само Веспрем уште еднаш погоди, како основа за она што следуваше по паузата.

Веспрем стегна во одбраната, беше на работ на дозволиво агресивен, а мегу стативите застана голманскиот гениј, Арпад Штербик. Нанижа 2-3 одбрани во првите десет минути и Веспрем намали на два негатива, а во 47. минута беше и 21-20.

Сепак, Мораес беше најефикасен, со 6 од 6, користејќи ја променетата тактика на Парондо, особено во првиот дел, да се инсистира на игра на пивоти. Пет погодоци даде Чупиќ, четири Криштопанс, а Милосављев имаше седум интервенции.