Томовски и Миркуловски се соочија со порази, победа за Пешевски и Штутгарт

Македонските ракометари денеска беа во акција во ракометната Бундеслига, но само Жарко Пешевски заедно со Штутгарт запиша победа, додека со порази се соочија Мартин Томовски со Лудвигсхафен и Филип Миркуловски со Вецлар.

Томовски имаше седум интервенции, но тие не беа доволно за да го спасат Лудвигсхафен од убедлив пораз од Магдебург (29-37), додека Миркуловски не постигна ниту еден гол во поразот од 28-30 од Балинген.

Штутгарт одигра одличен меч против Нордхорн-Линген, а Пешевски постигна два гола во победата од 29-26