Талески: Жално е што не можеме да ги израдуваме нашите навивачите!

Македонските репрезентативец, Филип Талески, се обиде да ги објасни причините за неуспехот на Вардар на вечерашниот дуел на домашен терен против Пик Сегед (27-30), а како главен фактор го потенцира – лошиот старт.

„По таков старт на натпреварот, со 8-1 за противникот, не можете да се вратите против сериозна екипа како Пик Сегед. Како што беше досега, така е и сега, за поразите сами сме си виновни. Треба повеќе да се анализираме себе си, наместо противниците. Жално што не можеме да си ги израдуваме навивачите, кон кои ќе упатам благодарност што ни даваат поддршка во најтешките моменти. Има уште натпревари, ќе се обидеме да собереме сили да оствариме некоја победа. Ќе биде тешко, зашто сме во криза, но ќе се бориме“, изјави левиот бек на црвено-црните.

Талески средбата ја заврши со четири постигнати погодоци.