Шок во Порто: Колега на Митревски доживеа срцев удар на тренинг!

Последниот тренинг на Порто за малку ќе завршеше трагично откако голманот на португалскиот тим, Алфредо Кинтана имал срцев удар, по што веднаш бил испратен во болница.

Колегата на македонскиот голман Никола Митревски доживеал срцев удар, по што веднаш реагирале медицинските лица на Порто, а потоа го испратиле во болница.

Порто ја потврди информацијата преку официјалната веб-страна, каде што се очекуваат повеќе детали за здравствената состојба на искусниот чувар на мрежата.

Кинтана во екипата на Порто настапува од 2010 година, а дел од репрезентацијата е од 2014 година.