Шок: Еден од најдобрите светски ракометари е - тешко болен!

За еден од најдобрите светски ракометари, Данецот Микел Хансен, кој настапува за ПСЖ. сезоната неочекувано веќе е завршена и тоа не поради некоја спортска повреда, туку поради проблеми со вените во комбинација со емболија на белите дробови.

Тој минатата недела бил опериран во својата татковина поради проблеми со рскавицата на коленото, но по враќањето во Франција се соочил со непријатности со долните екстремитети и со белите дробови, но потенцирано е дека е надвор од животна опасност. Хансен ќе биде надвор од терените во следните 4-6 месеци, бидејќи болеста мора да биде третирана со антикоагуланти кои не се компатибилни со контактен спорт на светско ниво.

Данецот во кариерата има по едно олимписки и европско злато и две победи на Светските првенства, а рекордни трипати е прогласуван за најдобар ракометар во светот. Тој има еден тон колективни и индивидуални награди, но еден успех му недостасува – триумф во Лигата на шампионите.