Сензација во Нашице: Нексе го шокира големиот Кил!
Домаќинот водеше од самиот почеток на натпреварот, па сè до стартот на вториот дел кога Кил успеа да влезе во ритам и да го сврти резултатот во своја корист (19-18). Сепак, Нексе успеа да најде сила и да ја врати предноста во своја корист, а потоа да продолжи да го полни голот на големиот Кил до конечни 33-30.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тин Лучин со девет голови, додека голманот Марцел Јастржебски запиша 11 одбрани. На спротивната страна најдобри беа Харалд Рајнкинд и Расмус Анкерман со по пет голови.
Реваншот меѓу Нексе и Кил се игра за една недела во Германија.
Фото: Facebook/RK NEXE