Реал Мадрид дозна колку треба да плати за потписот на Мурињо (ФОТО)
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „кралевите“ добиле информација за тоа колку пари ќе треба да платат ако го сакаат потписот на Мурињо.
Мурињо има клаузула во договорот според која може да замине од Бенфика, но истата важи до последните денови од мај, па ако го сакаат „кралевите“ ќе мора да платат „само“ три милиони евра.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез реши сам да донесе одлука за новиот стартег, а Мурињо е подготвен за враќање во Мадрид.
Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica