Најлудата трка за титула во Европа - четири екипи се борат за врвот!

Вистинско лудило се очекува на само три кола пред крајот на шампионатот во Австрија затоа што првите четири екипи се на дофат на титулата, односно првата и четвртата позиција ги делат само три бодови.

Австријците пред неколку години го проширија првенството од 10 на 12 екипи, а поради тоа што сакаа да направат поинтересен шампионат, тие решија по 22 кола да ги поделат тимовите на два дела - едни се борат за титулата, а други за опстанок.

По одиграни 20 отсто од натпреварите, на сите тимови им се одземаат 50 проценти од освоените бодови, па така сега им следи неизвесна завршница на само три кола пред крајот.

На првото место во моментов е ЛАСК од Линц, клуб кој во 117 години постоење има само една титула, и тоа освоена во 1965 година. Минатогодишниот шампион Штурм Грац е втор со ист број поени како ЛАСК, но полош меѓусебен дуел.

Во трка за титулата се уште и Ред Бул Салцбург, кој има два бодови помалку, како и Рапид Виена со три поени помалку од ЛАСК.

Фото: Facebook/LASK