Македонија е светски шампион во ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои златниот медал на Светското училишно ракометно првенство што се одржува во Скопје.

Во големото финале, нашата селекција го совлада Израел со 38-32 и го комплетира големиот успех на македонските селекции откако претходно во женска конкуренција стигнавме до среброто. 

Македонија беше во негатива само на почетокот од мечот, со 0-1. Неколку минути подоцна нашите ракометари ја презедоа иницијативата и поведоа со два разлика за потоа да ја задржат предноста до крајот. Во 16. минута беше 11-6, а на две минути пред крајот на првото полувреме имавме големми +7 (19-12).

Доминацијата продолжи и во вториот дел со тоа што Израелците ја вратија неизвесноста откако по десетина минути игра се доближија на само два гола негатива (24-26). Сепак, македонската селекција не дозволи пресврт, брзо се врати на +6 со колку што и заврши финалниот натпревар.

На патот до големиот успех, Македонија оствари шест победи, а покрај Израел во финалето, ги победи уште Бугарија, Грузија, Република Српска, Саудиска Арабија и Србија.