Бутел се држеше 40 минути, но Охрид ги освои бодовите!

Ракометарите на Охрид запишаа уште една победа во домашната Суперлига, откако вечерва триумфираа со 31-26 против Бутел.

Првото полувреме беше израмнето и двете екипи заминаа на паузата со 16-16, по што Бутел успеа да остане во игра сè до 40. минута, по што Охрид ги презема работите во свои раце.

Охрид влезе во одличен ритам и набрзо поведе со 28-22, по што стана јасно дека ќе запише нов триумф (31-26) во домашната лига.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ален Ќосевски со девет голови, додека Дејан Михајловиќ запиша седум погодоци за Бутел.