Вардар не успеа да победи во мечот за третото место иако играше добро во две третини од дуелот со ПСЖ.

ФОТО: РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ

Жално, по крајот на мечот, вардаровите ракометари, некои од нив и за последен пат, застанаа и ги поздравија навивачите кои допатуваа да ги бодрат во Келн. Сликата беше трогателна, емоциите едвај се држеа да не прснат во солзи. Вардар имаше неколку магични ракометни години, беше и на кровот на Европа, а вгодина, значително ослабен, ќе води битка со најголемите, но тешко дека ќе има прилика во догледно време пак да игра на Ф4.