Се јави и Раул: Парондо е супер!
Селекторот на македонската репрезентација, по четири години во Вардар, уште е во контакт и во добри односи со луѓето од клубот, па по победата над Веспрем се јавил и тој.
„Парондо е супер!“, пратил честитка Раул од Париз до луѓето од клубот.
Парондо дојде во Скопје како помошник на Раул во репрезентацијата на Македонија, оттука јасен е нивниот пријателски однос. Новиот тим на Раул, пак, ПСЖ, како и Вардар, уште е со максимален ефект од почетокот на сезоната, држејќи го првото место во групата Б.