Само бод за Хрватска против Фарски Острови!
По воведниот пораз од Данска, Хрватска се надеваше дека ќе го освои целиот плен против Фарски Острови, но тоа не се случи. Хрватките беа големи фаворитки на овој дуел, но мечот не се одвиваше така.
Хрватска водеше во најголемиот тек од мечот, но никогаш не се одлепи, Фарски Острови беа тука, повремено изедначуваа, а првото водство го имаа на самиот крај со 17-16. Хрватска беше пред пораз, но успеаа да изедначат на 17-17 што беше конечен резултат.
Ако нема некое големо изненадување, во последното коло Хрватска во меѓусебен дуел ќе се бори против Швајцарија за втората позиција која води во следната фаза.
Швајцарките ги победија Фарски Острови во првото коло, но денеска играат со фаворитот Данска и се очекува дека ќе го загубат тој меч.