Ристовска со осум голови ѝ донесе нова титула на ЦСКА Москва

Македонската ракометарка Сара Ристовска одигра одличен меч за ЦСКА Москва во победата против Ростов Дон (33-31) и помогна во освојување на титулата.

По голема борба регуларниот дел од мечот заврши 25-25, но во продолженијата ЦСКА оствари триумф од два гола, додека Ристовска го заврши мечот со осум голови.

Ова за Ристовска беше последен меч во дресот на ЦСКА, а од следната сезона ќе игра за Букурешт.