Раул: Очекувам добар пречек во Македонија, навивачите се меѓу најдобрите во светот

Вардар ќе игра против ПСЖ во групата А во рамки на новата сезона во Лигата на шампионите. Тоа ќе овозможи Раул Гонзалес повторно да се врати во Скопје, но овој пат ќе седи на противничката клупа.

Шпанецот, кој го водеше македонскиот тим до првата европска титула во 2017 година, сега ја има истата задача и на клупата на ПСЖ. Гонзалез вели дека со нетрпение чека повторно да дојде во Македонија и да се види со пријателите кои ги стекнал тука.

„Долго време не сум бил во Македонија. Па ќе имам шанса да се видам со некои од моите пријатели“, вели Шпанецот за „ПСЖ ТВ“. „Тоа ќе биде специјален момент за мене. Тоа воедно ќе биде и прв пат да играм против мојот поранешен тим. Очекувам добар прием од навивачите. Тие се едни од најдобрите на светот, секогаш се со својот тим и секогаш е многу тешко да се победи таму“, додава поранешниот селектор на македонската репрезентација.

Покрај Раул во Скопје во дресот на ПСЖ ќе биде и Даинис Криштопанс, кој од следната сезона ќе игра за францускиот гигант.