Раул: Монпелје го следев како обичен гледач, допрва ќе го анализираме!

Европскиот шампион Вардар го доби актуелниот лидер во француското првенство Монпелје за противник во полуфиналето на фајнлфорот во Келн, во својата битка да го одбрани трофејот освоен лани.

Вардаровиот кормилар Раул Гонзалез, како и секојпат, мирно ја дочека ждрепката и откако црвено-црните го добија противникот не сакаше да се излетува со прогнози, потенцирајќи дека сезонава го гледал францускиот тим само како обичен гледач и дека допрва ќе следува анализата на противникот.

„Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се подготвуваме како и за секој противник. Има време за сè, не сакам ништо да прогнозирам, ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа“, вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.