Раул: Цела година работиме за овој натпревар - ќе биде тешко!

Раул Гонзалес треба уште еден, последен пат да покаже дека кога Вардар игра во „Јане Сандански“ никој жив не може да најде лек за неговата генијална ракометна философија. Иако со победа од првиот меч со Кил, шпанецот со голема почит, дури и со доза на страв го очекува неделниот натпревар (17.00), кој може да значи втор пласман во Келн едноподруго.

Раул е задоволен не само од победата, туку и од односот на неговите играчи во Кил. Среќен е што најдоа решение на зоната 3-2-1 и што нападот задржа континуитет во целиот натпревар. Тоа мора да се повтори во Скопје, а притисокот овде е поголем. Раул вели целата сезона се сведува на овој меч и затоа постои притисок.

„Ќе го играме последниот натпревар од ЛШ во Скопје, втор против Кил. Ова е второ полувреме, во првото победивме еден разлика и мислам дека тоа е добар резутлат. Сега треба да играме во нашата сала и пред нашите играчи. Меѓутоа Кил има квалитет да победи тука, бидејќи има добри играчи со одлична одбрана. Таму имавме проблеми против зоната 3-2-1, тешко ја напаѓаме и јас се плашам од неа. Ракометарите ќе бидат спремни, имаме мотивација, сакаме да играме уште еднаш ф4, но ќе биде тешко. Треба да победиме и во Скопје и да немаме проблем, така мислат сите, но имаме притисок. Цела година работиме за оваа шанса, треба да ја искористиме, но ќе биде тешко, зашто имаме добар противник“, вели Раул.

Натпреварот се игра в недела во 17 часот, а Вардар брани 29-28 од Кил. Ако успее да се пласира на Ф4 во Келн, ќе биде првиот тим по Кил 2013 кој се пласирал на Ф4 следната година откако ја освоил титулата.