Рајн-Некар го здроби Лемго, Борко запиша три одбрани

Лемго издржа само едно полувреме, по што доживеа убедлив пораз од Рајн-Некар Левен со 28-37 во 12. коло од ракометната Бундеслига.

Екипата на Борко Ристовски имаше водство од три гола на стартот на првото полувреме (8-5), но Рајн-Некар успеа со пресврт да стигне до 16-14 пред паузата.

Во вториот дел Рајн-Некар влезе во одличен ритам и постојано ја зголемуваше предноста која во еден момент достигна +11 (37-26), но сепак Лемго го ублажи поразот (28-37).

Македонскиот голман запиша три интервенции, кои не беа доволно за да се запре германскиот гигант кој со новата победа се израмни со лидерот Фуксе Берлин со по 19 бодови.