Продадени 10.000 билети за „последниот танц“ на Карабатиќ

Легендарниот ракометар Никола Карабатиќ ја игра последната сезона во кариерата, а на 31 мај против Екс ан Прованс за последен пат ќе го облече дресот на ПСЖ.

ПСЖ на крајот на сезоната ќе игра против Екс ан Прованс во „Акор Арена“, а досега беа продадени дури 10.000 билети за „последниот танц“ на Карабатиќ.

Карабатиќ, по завршување на клупските обврски, ќе настапи и на Олимписките игри (ОИ) во Париз.