Пријателско реми на Хрватска и Холандија за крај на ЕП 2022

Хрватска и Холандија одиграа 28-28 на својот последен натпревар на Европското ракометно првенство во рамки на главната фаза од групата 1. 

Двете репрезентации ќе го завршат турнирот со три бода. По првото полувреме Холандија имаше предност од 15-13, но во продолжението Хрватска го презема водството. Имаше се чини сигурна предност од +3 во последните минути, но „лалињата“ се изборија за реми 28-28 со голот на Лук Стајнс во последните секунди. 

Иван Мартиновиќ одигра фантастичен натпревар за „коцкестите“ и постигна 12 голови, додека Марин Шипиќ имаше осум. Лук Стајнс со шест погодоци беше најдобар кај Холандија.